Општина Кавадарци реализира проект за изградба на кружен тек на спојот на булеварот „Никола Минчев“ со булеварот „Цветан Димов“.
Со ова ново сообраќајно решение општината решава уште едно тесно сообраќајно грло на две значајни прометни сообраќајници. Новиот кружен тек комуникацијата и протокот на возилата од центарот кон зградата на УЈП и Граничната полиција, кон Црквата Св.„Петка“ и „Северен булевар“ ќе ја направи побрза и многу побезбедна.
По изградбата на овој седми по ред кружен тек во Кавадарци општината во многу ќе ја зголеми безбедноста и пропустната моќ на главните улици во новиот центар.