Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов организираше прием за Владанка Аврамова

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов организираше прием за Владанка Аврамова

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов организираше прием за Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и тренерот Ивана Аврамова, членови на македонската карате репрезентација за деца од 11 до 14 години. Тие на неодамна одржаното Балканско првенство во Херцег Нови Република Црна Гора, освоија бронзен медал во категоријата ката тим 2001/2002, како и во поединечна конкуренција каде Владанка Аврамова исто така освои бронзен медал.

Честитајќи им на успехот Панов уште еднаш ја искажа подготвеноста на Општината во рамки на можностите да го помага спортот. Подвлече дека е посебно задоволен од фактот што трите мнлади каратистки на градот му донесоа медали од големо регионално натпреварување каде настапија каратисти од 10 балкански земји, меѓу кои има и светски карате велесили. Поради тој факт посочи Панов сјајот на бронзата на Ивона, Ивана и Миа има поголема тежина.

Поради училишни обврски на приемот изостана Миа Маневска, но затоа нејзините другарки и тренерот ќе ги пренесат честитките кои градоначалникот Панов ги упати до нив, како и до сите останати членови на репрезентацијата.

Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска се членови на трофејниот карате клуб „Урбан Инвест“ од Кавадарци, а воедно и репрезентативки на Македонија кои имаа потенцијал за многу поголеми резултати.