Општествено одговорните компании „Инел Солар„ и „Метал Апостолов“ од Кавадарци ја донираа првата „паметна клупа“ во општината.
Клупата е поставена на градскиот плоштад и е опремена со соларни панели за производство на електрична енергија со приклучоци за полнење на бтериите на сите типови на мобилни телефони.
Во склоп на клупата се поставени и држачи за велосипеди, како и компресор за воздух со кој ќе можат да се пумпаат гумите на велосипедите.
Општината оваа донација ја предава во употреба на граѓаните.