СО АСФАЛТИРАЊЕ НА БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“  ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ МСИП

СО АСФАЛТИРАЊЕ НА БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“ ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ МСИП

 

 

Ангажираната оператив во реализацијата на проектот МСИП за реконструкција на главните улици во Кавадарци продолжи со завршното асфалтирање на булеварот „Никола Минчев“.

Денеска се асфалтираше последната делница од спојот со булеварот „Македонија“ до спојот со булеварот „Моша Пијаде“ кај кружниот тек „автобуска станица“.

На оваа улица се реконструираше вкупна површина од 10.000 квадратни метри на целата должина од Обиколницата до кружниот тек кај автобуската станица.

Со асфалтирањето на булеварот „Никола Минчев“ Општината заврши со реализацијата на капиталниот проект за реконструкција на главните улици во Кавадарци со кој беа опфатени и сообраќајниците: „Северен булевар“, булевар „Моша Пијаде“ и булевар „Цветан Димов“ како и улисите:  ул. „7 Септември“, ул. „Мито Хаџи-Василев“, ул. „Пано Мударов“, ул. „Тиквешко востание“, ул. „Цано Поп-Ристов“ и улицата „Страшо Пинџур“.

Финсниските средства за овој капитален проект се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти,  МСИП.