ЕСЕНСКО КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДИТЕ

ЕСЕНСКО КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДИТЕ

Во тек е редовното кастрење на дрворедите кое Општина Кавадарци го реализира преку Јавното претпријатие „Комуналец“.
Работите ги извршува организационата единица „Паркови и зеленило“, а се работи на интервенција на дрворедите со кастрење на обраснати гранки, како и отстранување на сувите гранки кои се потенцијална опасност за пешаците и возачите.
Во оваа фаза со акцијата на општината се опфатени улиците: „Тиквешко востание“ и „Илинденска“.
Покрај ЈП „Комуналец“ во акцијата како помагател со механизација и работна рака е вклучена и општествено одговорната компаниа: „Матал Апостолов“.