Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ работи на реализација на проект за асфалтирање на дел од улицата „Доне Попов“.
Деновиве на локацијата се поставуваа рабници во вкупна должина од 240 метри, со што се оформи улица. Следува поста-вување на тампон, а во завршната фаза и асфалтирање на коловозот, на вкупна површина од 660 квадратни метри.
Општината овој проект го реализира на барање на граѓаните а во склоп на реализација на програмата за комунална изградба финансирана од општинскиот буџет.