Продолжената градежна сезона овозможи Општина Кавадарци да реализира неколку проекти од Програмата за комунална изградба. Оперативата на градежната фирма „Градба промет“ денеска работеше на поставување на тампон на делница од улицата „Бигла“ во УЗ „Страшо Пинџур“.
Според проектот се рконструира делница од 100 метри, каде што прво беше отстранет дотраениот и оштетен асфалт, по што се постави тампон. Во последната фаза ќе следи асфалтирање на оваа делница која се протега на стрмна угорница.
Со овој проект кој се реализира на барање на граѓаните, општинат ќе им предаде во функција реконструрана улица по која ќе се одвива посигурен и побезбеден сообраќај.