НОВИ 1900 МЕТРИ ОД КОЛЕКТОРОТ ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

НОВИ 1900 МЕТРИ ОД КОЛЕКТОРОТ ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

Опретаивата на фирмата „Градба промет“ започна со изградбата на новите 1.900 должни метри од колекторот за прифаќање на отпадните води на град Кавадарци. Новата делница се гради од локацијата под објектот „Три багрема“ кај Глишиќ до под село Марена.

Во неа ќе бидат вградени корогирани цевки со профил „Фи“ 1.000, за оптимална пропусната моќ на цевкводот за зафаќање на фекалните и отпадните води од градската канализациона мрежа.

Ова е четврта фаза од доградбата со што вкупната должина на колекторот од сегашните 2.270 метри ќе се зголеми на 4.170 метри. Колекторската мрежа треба да ги однесе отпадните води до локацијата на идната прочистителна станица под селото Марена.

Овој еколошки проект е од исклучително значење за општина Кавадарци, бидејќи со негово заокруживање после изградбата на прочистителаната станица, реката Луда Мара која е реципиент на сите отпадни води од градот ќе биде прочистена и во Вардар ќе се влева незагадена вода.