Општината Кавадарци преку ангажираната оператива го реализира проектот за изградба на „Скејт парк“.
Согласно проектот во оваа фаза се копаат стопитe за заштитната ограда, а веќе е поставена подземната нисконапонска инсталација од системот за јавно улично осветлување.
На површина од 770 квадратни метри, се гради плато за рекреација и забава на младите „скејтери“. Скејт паркот ќа располага со 6 елементи и тоа: рампа (Bank Ramp), централен комбиниран елемент (Funbox + Grindbox 2/3 + rail 2/3), потоа Кутија за стругање (Grindbox 1), како и Кутија за стругање (Grindbox 2).
Од реквизитите ќе има и Четвртина цевка (Quarter Pipe), Права шина профил (Straight rail profile).
Општината ќе постави и урбана опрема: клупи за одмор и корпи за отпадоци.


