Јанчев обраќање во Возарци

Јанчев обраќање во Возарци

Во обраќањето пред присутните во Возарци при отворањето на детската градинка, градоначалникот Митко Јанчев Рече:
„Почитувани присутни, пред две години , кога станав градоначалник на општина Кавадарци се соочив со еден од најголемите проблеми во нашата општина. Листата на деца кои чекаат прием во градинка беше голема. Во еден момент на листата чекаа околу 400 дечиња. Таквата ситуација им создаваше најголем проблем на родителите кои не можеа нормално да функционираат, некои се откажуваа од своите работни места, некои бараа решение на сите можни начини.
Таквата ситуација ми создаваше фрустрација и мене не само како градоначалник туку и како татко на три деца.
Заедно со Советот на Општина Кавадарци и Министерството за труд и социјална политика во изминатите две години напорно работевме и денес со гордост можам да кажам дека проблемот е во целост решен. Со отварањето на објектот Буба Мара и доградбата на нови занимални во објектите Снежана и Детелинка како и преадаптација на просторот во с.Марена во детска градинка овој проблем е целосно решен.
Денес, го пуштаме во употреба и објектот во с.Возарци со капацитет за сместување на над 20 дечиња и со тоа ја заокружуваме приказната за оваа година.
Возарци е село во кое, поради добрата местоположба и близината до градското подрачје, младите остануваат со своите семејства и детската градинка беше неопходна во една ваква средина.
Нашата заедничка приказна со Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи и во наредната година со започнувањето со изградба на нова детска градинка на ул.Ресавска во Кавадарци. Долгорочно го решаваме проблемот со сместувањето во детските градинки.
Од срце поскаувам нашите деца да се секогаш безгрижно насмеани а ние безрезервно да работиме за подобрување на сите услови во нашето општество се со цел тие да имаат среќно детство а понатаму и одлични услови за живеење и создавање на семејства и кариери во нашата општина“.