ОДБЕЛЕЖАНИ 76 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ВТОРАТА МАКЕДОНСКАУДАРНА БРИГАДА

ОДБЕЛЕЖАНИ 76 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ВТОРАТА МАКЕДОНСКАУДАРНА БРИГАДА

Со положување свежо цвеќе пред бистата на првиот командант Диме Туриманџов, во Кавадарци се одбележа 76 годишнината од формирањето на Втората Македонска ударна бригада.

Букети свежо цвеќе положија делегации на Здружението на борците и почитувачите на придобивките од НОБ на Кавадарци и Неготино, делегација од Општина Кавадарци и членови на семејството Туриманџов.

Пред бистата за борбениот пат на бригадата говореше историчарот Петре Камчевски кој истакна: „На 20 декември 1943 год. со одлука на ГШ на НОВ и ПО на Македонија во с. Фуштани Ег. Македонија од баталјоните „Страшо Пинџур“, „Вториот баталјон на третата оперативна зона“ и еден бугарски одред е формирана Втората македонска ударна бригада. Со наредбата е формиран и штаб на бригадата: за командант бил избран Диме Туриманџовски-Горски, зам. командант Лазар Калајџијски-Добри, полит. комесар Трифун Трифунов-Балкански и за. Полит. комесар Мито Хаџи Василев-Јасмин.             За своите заслуги во борбата против фашистичкиот окупатор (води повеќе од 200 успешни борби), бригадата е одликувана со Орден заслуги за народ со златна ѕвезда и Орден братство и единство со златна ѕвезда. Бригадата во состав на Првата македонска дивизија учествува во завршните борби за ослободување на Македонија и Југославија“.