Општина Кавадарци го подготвува лизгалиштето кое се наоѓа во комплексот на спортскиот центар „Јасмин“. Лизгалиштето е со двојна намена, претпладне ќе работи како центар за настава по физичко за учениците од општината, а попладне на комерцијална основа за сите кои после настава сакаат да се рекреираат. Ќе се изнајмуваат лизгалки.
Идеата за лизгалиште е на градоначалникот Митко Јанчев, а се реализираше за прв пат минатата година како проект на општина Кавцадарци во соработка со „Кожувчанка“ и „Црна река Петрол“.
Општина Кавадарци преку Сојузот на училишни спортови преку училипштата ќе организира бесплатно лизгање во зимскиите месеци. Учениците ќе имаат часови по лизгање, а поладне ќе можат да се релаксираат.
Лизгалиштето ќе работи секој ден во текот на зимската сезона во времето од 09:00 до 23:00 часот.