ЈАВЕН ПОВИК бр1/2020 За прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2020, наменети за спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци , општински и училишни сојузи

ЈАВЕН ПОВИК бр1/2020 За прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2020, наменети за спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци , општински и училишни сојузи

Врз основа на член 3 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финансирање на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр.07-873/29 од 28.02.2014 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр.13/2014) ,

 

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Објавува ЈАВЕН ПОВИК бр1/2020

За прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2020, наменети за спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци , општински и училишни сојузи

1. Се повикуваат спортските клубови, професионални клубови регистрирани на пордачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2020 година, да ги достават до Општина Кавадарци – Локална самоуправа во предвидениот рок. 

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2020 година, наменети за спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци , општински и училишни сојузи, ќе се врши согласно Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финанасирање на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот  од интерес на Општина Кавадарци бр.07-873/29 од 28.02.2014 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр.13/2014) ,

2.        Основни организациски критериуми :

                – го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;

–   ја реализираат утврдената програма за развој на спортот.

– ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата;

– го организираат и спроведуваат системот на натпревари;

– се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

– се грижат за унапредување на младите категори.

Задолжителна документација за аплицирање :

-Решение за вршење дејност спорт согласно Законот за спорт;

                -Доказ за обезбедени соодветни објекти, опрема и стручен кадар;

                -Доказ од соодветната спортска федерација во која категорија апликантот

                учествува и времетраењето  на учеството на спортистот / клубот во

                соодветната федерација.

-Детално разработена програма / проект на активности во тековната година ;

-Документација со која се потврдува искуството за апликантот во

                реализирање на програма/ проекти и активности од областа на спортот,

                постигнати резултати, успеси;

                -Детално разработен финансиски план за потребните средства за

                реализација на програмата /проект (број на ангажирани лица ,опис на

                тгрошоците по позиции)

                – Извштај за потрошените средства добиени од Општина Кавадарци за 2019 година .

Прилози, фотографии, награди.

 

 3.НАПОМЕНА  : Пријавите кои не ја исполнуваат комплетноста на задолжителната документација нема да се разгледуваат.

4.Рок и начин на доставување на пријавите

 Рокот за поднесување на пријавите започнува од 02.01.2020 година а крајниот рок за поднесување е 17.01.2020 до 16.30 часот.Пријавите со целокупната документација се доставуваат се доставуваат лично или по пошта (пријавите доставени по е-маил или факс нема да бидат разгледувани ) , на адреса : Плоштад Маршал Тито бб Кавадарци, или во архивата на Општина Кавадарци до 16.30 ч (со назнака – Пријава за јавен повик – Комисија за спорт )

Пријавата за аплицирање како и образецот за аплицирање се достапни на интеренет страницата на Општина Кавадарци : www.kavadarci.gov.mk

 

                                               ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

                                           ГРАДОНАЧАЛНИК

                                              м-р Митко Јанчев

Пријава 2020 година