Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Ми-Комерц“ деновиве работи на санација на земјениот локален пат Брана Моклиште-Езеро Градот.
Според проектот на општината, се работи на санирање на критичните места каде е оштетена и однесена старат подлога, на делови од патот каде се собира вода и се прават тешко проодни места. Исто така се чистат канафките и се проширува коловозот.
По санирањето на оштетувањата ќе следи поставување на тампон.
Со овој зафат општината ќе санира локален пат кој води од браната „Моклиште“ кон селото Моклиште до езерото „Градот“ познато како Моклишко Езеро.
На овој потег гравитираат земјоделци, во поново време значителен број сопственици на викенд куќи, како и голем број рекреативци пешаци и велосипедисти.