Надлежната служба на општината со ЈП „Паркинг“ Кавадарци деновиве во централното градско подрачје поставуваат информативни табли за зонското паркирање.
Изведувач на работите е фирмата „Вијадукт“ од Гостивар која треба да постави160 сообраќајни знаци со информации за граѓаните и возачите поврзани со зонското паркирање.
Да потсетиме дека со одлука на Советот, општината воведува систем на платено зонско паркирање во централното градско јадро. Паркирањето ќе се врши во три зони „А, Б и Ц“.
Во првата зона „А“ еден час паркирање ќе изнесува 30 денари, во втора „Б“ ќе се наплаќа 20 денари, еден час паркинг во тертата „Ц“ зона ќе изнесува 10 денари.
Системот за платено зонско паркирање ќе профункционира во текот на овој месец.