ПОПЛОЧЕН КРАК ОД УЛИЦАТА „ФУШТАНИ“

ПОПЛОЧЕН КРАК ОД УЛИЦАТА „ФУШТАНИ“

Во рамките на програмата за комунална изградба на Општина Кавадарци, оперативата на фирмата „Градба промет“ на површина од 70 метри квадратни постави павер елементи  на крак од улицата „Фуштани“.

Претходно на таа површина се изврши порамнување и поставување на тампон со мали рабници.

Изградбата на тротоарот е на барање на жителите од тој дел на Кавадарци.