ОСНОВЕН СООБРАЌАЕН ПРОЕКТ ЗА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ ЗА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНИ ЈАВНИ ПОВРШИНИ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ОСНОВЕН СООБРАЌАЕН ПРОЕКТ ЗА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ ЗА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНИ ЈАВНИ ПОВРШИНИ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

            Општината ги информира граѓаните за локациите каде согласно одлуката на Советот се организира јавниот паркинг.

            Општина Кавадарци започнува со примена на Зонското паркирање кое согласно проектот се организира во три зони за паркирање: Зона А (А) –црвена, Зона Б(В) – жолта и Зона Ц (С) – зелена. Секоја зона е поделена на подзони поради полесна контрола и наплата на зонското паркирање.

            Зонското паркирање ги опфаќа следните локации и улици:

Зона (А)-црвена се однесува на следните локации во 4 подзони

Подзона А1 – На улица Илинденска, се организира улично паркирање од двете страни на улицата од крстосница со улица „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ до крстосница со улица „Пано Мударов“;

Подзона А2 – На улица „7МИ Септември“, се организира улично паркирање од десната страна на улицата од крстосница со улица „Илинденска“ до крстосница со улица „Браќа Џунови“. На оваа улица паркирањето започнува после такси станицата и пред полицијата се остава простор за нивните службени возила;

Подзона АЗ –  На улица „Тиквешко Востание“,  се организира улично паркирање од десната страна на улицата од крстосница со влезот/излезот во подземната гаража до крстосница со улица „Страшо Пинџур“;

Подзона А4 –  На улица Мито Хаџи Василев-Јасмин, се организира улично паркирање од десната страна на улицата од крстосница со улица „Гоце Делчев“ до крстосница со улица „Илинденска“, односно до пред такси станицата што е на оваа улица;

                        Во првата зона А 1 час паркинг се наплаќа 30 денари.

 

Зона Б (В)-жолта ги опфаќа следните локации во 16 подзони:

Подзона Б1 –  Се организира вон улично паркирање во подземната гаража на улица „Тиквешко Востание“;

Подзона Б2 – Се организира вон улично паркирање на паркинг просторот на улица „Тиквешко Востание“ (над подземната гаража);

Подзона БЗ – Се организира вон улично паркирање на паркинг просторот на улица „Фердо Росомански“ и улично паркирање на истата улица;

Подзона Б4  – а улица Пано Мударов, се организира улично паркирање на улицата од крстосница со улица „Илинденска“ до крстосница со улица „Солунска Глава“, и на улица „8МИ Септември“ се организира улично паркирање на улицата од крстосница со улица „Солунска Глава“ до крстосница со улица „Гоце Делчев“;

Подзона Б5 – На улица „Илинденска“, се организира улично паркирање од двете страни на улицата од крстосница со улица „Цано Поп-Ристов“ до крстосница со улица „Партизанска“;

Подзона Б6 – На улица Илинденска, се организира улично паркирање од двете страни на улицата од крстосница со улица „Партизанска“ до крстосница со улица „Максим Горки“;

Подзона Б7 – На улица „Илинденска“, се организира улично паркирање од двете страни на улицата од крстосница со улица „Максим Горки“ до крстосница со улица „Охридска“;

Подзона Б8 – На улица „Максим Горки“ се организира улично паркирање од левата страна на улицата од крстосницата со улица „Партизанска“ до крстосницата со улица „Илинденска“;

Подзона Б9 – На улиците „11™ Октомври“, „Лазо Мицев“ и „Партизанска“ (околу паркот „Полана” се организира улично паркирање од левата страна на улиците;

Подзона Б10 – На улица „Цано Поп-Рристов“,  се организира улично паркирање од левата страна на улицата од крстосница со улица „Блажо Алексов“ до куќен број 32, од куќен број 32 до крстосница со улица „Лазо Мицев“ од десната страна и од крстосница со улица „Лазо Мицев“ до крстосница со улица „Илинденска“ од двете страни на улицата;

Подзона Б11 – Се организира вон улично паркирање во монтажната гаража на улица 1ви Мај;

Подзона Б12 – Да се организира вон улично паркирање на паркинг просторот на улица „Тошо  Велков-Пепето“;

Подзона Б13 – На улица „Браќа Џунови“ се организира улично паркирање од левата страна на улицата од крстосницата со улица „7-ми Септември“ до крстосницата со улица „Браќа Хаџи Тефови“;

Подзона Б14 – На улица Браќа Хаџи Тефови да се организира улично паркирање од десната страна на улицата од крстосницата со улица Браќа Џунови до крстосницата со улица Ќиро Спанџов;

ПодзонаБ15 – На улица „Ресавска“ се организира улично паркирање од десната страна на улицата од крстосницата со улица „Народен Фронт“ до крстосницата со улица „Страшо Пинџур“;

Подзона Б16 – На улица „Блажо Алексов“ се организира улично паркирање од десната страна на улицата од крстосницата со улица „Цано Поп-Ристов“ до крстосницата со улица „Мирче Ацев“; 

            Во втората зона Б, за еден час паркинг се наплаќа 20 денари.

 

Зона Ц (С) зелена ги опфаќа следните локации во 9 подзони:

Подзона Ц1 – На Булевар „Никола Минчев“, се организира улично паркирање од двете страни на булеварот од крстосница со булевар „Македонија“ до крстосница со булевар „Вељко Влаховиќ“;

Подзона Ц2 – На Булевар „Никола Минчев“, се организира улично паркирање од двете страни на булеварот од крстосница со булевар „Кочо Рацин“ до крстосница со булевар „Македонија“;

Подзона ЦЗ – На „Булевар Македонија“, се организира улично паркирање од двете страни на булеварот од крстосница со булевар „Никола Минчев“ до крстосница со влез во паркинг простор;

Подзона Ц4 – На Булевар „Македонија“, се организира улично паркирање од двете страни на булеварот од крстосница со булевар „Никола Минчев“ до крстосница со улица „Орце Николов“;

Подзона Ц5 – На Булевар „Кочо Рацин“, се организира улично паркирање од двете страни на булеварот од крстосница со булевар „Никола Минчев“ до крстосница со улица „Орце Николов“;

Подзона Ц6 – На Булевар „Моша Пијаде“, се организира улично паркирање од двете страни на булеварот од крстосница со булевар „Никола Минчев“ до крстосница со улица „Гоце Делчев“;

Подзона Ц7 – Се организира вон улично паркирање на паркинг просторот на булевар „Вељко Влаховиќ“;

Подзона Ц8 – Се организира вон улично паркирање на паркинг просторот позади зградите „Лепотици” на Булевар „Македонија“;

Подзона Ц9 – Се организира вон улично паркирање од десната страна на улица  „7МИ Септември“ од крстосница со улица „Киро Крстев“ до крстосница со улица „Шишка“;

            Во третата зона Ц, за еден час паркинг се наплаќа 10 денари