Студениот и влажен бран што ја зафати и територијата на Општина Кавадарци донесе дожд во котлината и снег на местат над 250 метри надморска висина. Врнежите од снег во општината се најизразени во ридско планинскиот дел и тоа на висорамнината Витачеви и во Бошавијата и подкожувјето. Снежната покривка е со висина од 20 до 70 сантиметри.
Од рано утро надлежната служба на општината задолжена за зимско одржување, со концесионерот „Градба промет“ излегоа на терен за расчистување на локалните патни правци кои беа зафатени од снежното невреме.
Службите на терен интервенираат со три камиони и еден трактор. До моментот на информацијата повеќе од половината локални патишта беа исчистени и се проодни за сообраќај. До крајот на денот сите патни правци ќе бидат оспособени за сообраќај во зимски услови.
Во првата годинешна посериозна интервенција на службата за симско одржување на улиците и патиштатат беше интервенирано со 20 кубни метри ризла и со 5 тони индустриска сол.
Синоптичарите за наредните денови предвидуваат појава на голомразица како последица од очекуваните ниски температури. Затоа се апелира до граѓаните без потреба да не се упатуваат кон селата од подкожувјето. Доколку се приморани, им се препорачува задолжително прилагодување кон условите на патот, почитување на сообраќајните пропоси, како и поседување на зимска опрема.