Со симболичното закројување на виновите лози, денеска на плоштадот во Кавадарци беше одбележан големиот православен христијански празник Свети „Трифун“, заштитникот на лозарите, овоштарите и градинарите.
Пред присутните граѓани и високите гости од владата и дипломатскиот кор, предводени од премиерот Оливер Спасовски, на плоштадот први зокроија градоначалникот Митко Јанчев и министерот за земјоделие Трајан Димковски. Кројачките ножици во раката ги почуствува и амбасадорката на САД во нашата земја Кејт Мари Брнз, како и неколкуте други гости од допломатскиот кор кои исто така закроиа прачки од виновите лози.
Претходно свештеници од кавадаречкото намесништво на МПЦ-ОА одржаа богослужба во чест на Свети „Трифун“.
Во продолжение на посетата домаќинот Јанчев и високите гости направија обиколка на десеттината штандови на локални вино производители кој ги претставија нивните производи од грозје, како и штандот на кавадаречките жени пензионерки кои се претставија со кулинарски производи типични за кавадаречкото поднебје.