Денеска интензивно се работеше на расчистување на остатоците по пожарот со цел да започнат градежни активности за санирање на штетите. Голема е штетата во куќите кои настрадаа во вчерашниот пожар по удар на гром на улицата „Питу Гули“ во Кавадарци. Целосно се оштетени покривните контрукции, а речиси не останало ништо и од покуќнината.
Опожарените куќи ги посетија министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот, Александар Панов и претседателот на регионалната стопанска комора, Митко Јанчев, кои најавија помош за семејствата со цел што побрзо да се санираат штетите и луѓето да се вратат во своите домови. Тие имаа можност да ги видат штетите со кои се соочија овие шест кавадаречки семејства.
За десет дена семејствата чии објекти настрадаа во пожарот од удар на гром во Кавадарци, ќе можат повторно да се вселат во своите објекти. Со помош на бизнис заедницата од Кавадарци ќе се санира покривната конструкција, а ќе им се донира и помош за опремување на домовите.
Ден по немилиот настан интензивно се работеше на расчистување на остатоците од пожарот. Семејствата велат дека се среќни што никој не настрада. Кажуваат дека повеќемина се наоѓале во своите домови кога удрил громот и избувнал пожарот. Исто така упатуваат благодарност за укажаната помош.
„Веќе се започнати подготвителните работи за санација од страна на бизнис заедницата, која прва притекна напомош, на чело со Митко Јанчев, претседател на регионална стопанска комора. Во четврток советот ќе донесе одлука за 50 отсто да ги покрие трошоците за кровната конструкција на оштетените објекти” рече Панов.
Од пожар по удар на гром во средата настрада три објекти во урбаната заедница „Кула“ во Кавадарци. Објектите целосно изгореа со покуќнината внатре, а за среќа никој не беше повреден во страотниот пожар.
Половина од потребната сума за санација на покривите на трите опожарени куќи ќе јка покрие Регионалната стопанска комора од Кавадарци со цел оштетените да не се обраќаат поединечно кај фирмите и бизнисмените, туку преку регионалната комора да ја добијат потребната помош. Останатата половина ќе ја обезбеди опшитната. „Набрзо очекуваме да се спроведат градежни активности со цел да се направат нови покриви на сите три куќи кои ќе бидат изградени со помош од бизнис заедницата и општината. Дополнително Минситерството за труд и социјална политика ,заедно со Центарот за социјални работи ќе обезбеди еднократна парична помош од околу 6 илјади евра за сите домаќинства или 30.000 деанри по домаќинство, со цел да им помогнеме да си ги досредат објектите но и за првичните нивни потреби. Со помош ќе излезе и Црвениот крст, помош која се дели во вакви ситуации“. изјави министерот Спасов и најави дека најкасно за десет дена семејствата ќе можат повторно да се вратат во своите домови.
Градоначалникот Александар Панов упати апел до сите граѓани и бизнисмени да донираат за да ја помогнат реконструкцијата на оштетените домови. „Бизнис заедницата на чело со Митко Јанчев претседател на Регионална стопанска комора прва притрча на помош. Во наредната недела со одлука на Советот ќе биде определена парична помош од општината“ рече Панов. Градоначалникот Панов се заблагодари на бизнис секторот за помошта што ја даваат за брзо санирање на опожарените објекти.
„Беше страшно. Го слушнавме ударот на гром, а набрзо го видовме и пламенот во куќата каде удри. Огнот се ширеше брзо и се издигаше густ чад.“ раскажуваат соседите на шесте семејства чии куќи вчера изгореа целосно по удар на гром во Кавадарци. Кога удрил громот во куќите имало и луѓе но за среќа никој не е повреден. Семејствата сеуште неможат да се соземат од шокот и не сакаат многу јавно да говорат за непогодата која ги снајде.
Пожарникарите од Кавадарци и Неготино и пожарникарската единица од „Фени“ вчера повеќе од два часа се бореа со огнената стихија која се закануваше и по околните објекти, бидејќи големиот пожар беше во густо населен дел од Кавадарци.