Записник д одржаниот 3ти состанок на Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци

Записник д одржаниот 3ти состанок на Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци

З А П И С Н И К
Од одржаниот 3 – ти состанок на Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци во кој присуствуваат претставници на ОВР Кавадарци, Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување на кризи на ден 21.03.2020 година

На состанокот на Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци во кој присуствуваат претставници на ОВР Кавадарци, Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување на кризи одржан на ден 21.03.2020 година по согледување на состојбата со КОВИД 19 се донесени следните :

З А К Л У Ч О Ц И

1. СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈП “Комуналец“ Кавадарци да го затвори Градскиот пазар во период од 14 дена почнувајки од денес;
2. СЕ ЗАДОЛЖУВААТ Мој општинар и службите од Општина Кавадарци, во текот на денешниот и утрешниот ден да извршат дезинфекција на заедничките површини во колективните станбени згради (влезови, скаличен простор и лифтови) кои имаат повеке од 8 станбени ;
3. СЕ ЗАДОЛЖУВААТ Такси компаниите на кои што им е издадена лиценца за вршење на такси превоз од Општина Кавадарци, да продолжат со работа со минумум 50% од капацитетот за кои што имаат добиено лиценца, дневно да вршат дезинфекција на колите а патниците – корисници на превозот задолжително да носат средства за самозаштита;
4. СЕ ЗАДОЛЖУВАТ превозниците од Општинскиот линиски превоз, да продолжат со вршење на редовните линии , со редуцирање на бројот на патници согласно препораките така што да има оддалеченост од најмалку 1 метар помеѓу патниците.