Општина Кавадарци привршува со реализација на проектот за реконструкција и адаптација на влезот во зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“, каде се наоѓаат административните простории на градската библиотека „Феткин“, ЈП „Паркинг“ и на неколку други субјекти.
Деновиве ангажираната оператива изврши поплочување на новиот пристапен влез од северната страна. Сега главниот влез во библиотеката и останатите институции во зградата ќе биде од север, од поранешната „кино бавча“. Новата влезна врата е димензионирана да одговара на потребите на објектот.
После отстранувањето на пристапните скали, општината обезбеди проширување на патеката низ „тунелчето“, што ќе доведе до поголема фрекфенција, како и побезбеден влез на граѓаните во градскиот зелен пазар.
Паралелно со дислокацијата на главниот влез се изврши замена и на старите прозорци на скалишното јадро, каде се поставени нови ПВЦ прозорци со термапан стакло, како и лимена настрешница.