РАСЧИСТУВАЊЕ НА КЕЈОТ НА „ЛУДА МАРА“ КАЈ СПОМЕНИКОТ „12 МЛАДИНЦИ“

РАСЧИСТУВАЊЕ НА КЕЈОТ НА „ЛУДА МАРА“ КАЈ СПОМЕНИКОТ „12 МЛАДИНЦИ“

Општина Кавадарци преку донација, во соработка со неколку општествено одговорни фирми реализира проект за расчистување на дел од регулираното корито на реката Луда Мара кај спомен паркот „12 Ваташки младинци“.

Ангажираната градежна механизација работи на расчистување на коритото од речен нанос и диво обрасната вегетација. Со овој проект се опфатени 900 метри од регулираното корито на реката каде има постојна шкарпа како и повеќе каскади изградени во шеесеттите години од минатиот век.

Овој зафат што го превзема општината има за цел расчистување и разубавување на тој дел од спомен паркот „12 Ваташки младинци“, воедно е продолжение на активностите на општината од минатите две години, во делот на екологијата и хортикултурното уредување на најзначајниот историски паметник во општината.