Со одлука на градоначалникот Александар Панов се врши времена промена на работното време на општинската администрација.
Општина Кавадарци-Локална самоуправа од понеделник 27 јули 2015 година ќе започнува со работа од 07:00 часот наутро, а работниот ден завршува во 15:00 часот полпадне.
Промената во почетокот на работното време на општинската администрација е предизвикана од високите температури и топлиот бран кој деновиве владеат во земјата и регионот.
Градоначалникот ја донесе оваа одлука во интерес на здравјето на граѓаните, ефикасноста на работењето на оштинската администрација, а согласно препораките на медицинските лица и надлежните владини институции.
Се информираат граѓаните дека веднаш со нормализирањето на временските прилики и намалувањето на екстремните летни температури, Општината веднаш ќе се врати на вообичаеното работно време.