Денеска оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци работи на асфалтирање на дел од улицата „Бел Камен“ над комплексот станбени згради. Претходно според проектот на општината се изврши отстранувањето на стариот асфалт, на дотраените рабници, како и тампонирање.
Се работи на делницата од паркингот кај капелата во правец на ВВ „Тиквеш“ каде на површина од 1350 квадратни метри се постави нов слој асфалт со дебелина од 7 сантиметри.
Со реконструкцијата на овој дел од улицата Жителите од зградите и од населбата „Бел Камен“ добиа обновена и побезбедна улица.
Претходно на овој локалитет кај зградите општината изврши оформување на паркинг со потпорен ѕид и поплочување, како и хортикултурно уредување на зелената површина. Реконструкцијата е на барање на жителите од оваа населба.