Со постсвувањето на рабниците, оперативата на ангажираната фирма „АС машини“ од Кавадарци започна со реализација на втората етапа од поплочувањето на делница од пристапниот пат до црквата во селото Возарци.
Во наредните денови најпрвин ќе се оформи контурата на патот во должина од 270 метри на делница од постојниот плочник до капијата на црковниот двор. Паралелно ќе се врши и поплочување со бехатон коцки на површина од 800 метри квадратни.
Минатата година во исто време опоштината преку ангажираната фирма поплочи површина од 400 метри квадратни, во правец на црквата и тоа на потегот од спојот со локалниот пат кон браната на „ХЕЦ „Тиквеш“.
Со овој зафат општината во целост ќе го поплочи пристапниот пат до селската црква. Општината и овој проект го реализира на барање од граѓаните од селото Возарци.