Целосно е ревитализиран насјтариот влез во Кавадарци. Во рамките на проектот за реконструкција поставен е порамнителниот слој асфалт на улицата „Шишка“.
Со овој зафат Општина Кавадарци во координација со Агенцијата за државни патишта ги приведува кон крај градежните работи за проширување на источниот влез во градот од страна на Неготино.
Проектот кој го изготви општината опфаќа реконструкција со проширување на улицата во должина од 1 200 метри на потегот од старото уличиште во Глишиќ до спојот со „Северен булевар“. Согласно договорот, земјените рзботи и подземната инфраструктура беа обврска на општината, додека асфалтирањето беше на товар на државата преку Агенцијата за државни патишта
На оваа локација општината преку ЈП „Комуналец“ инвестираше 8 милони денари во нови линии за водовод, како и за фекална и атмосферска канализација. Општината вложи и 31 милион денари за обновување и подобрување на перформансите на подлогата, тампонирање, поставување нови рабници и проширување на коловозот од две на три ленти.
Деновиве треба да уследи поставување на завршниот-фин слој на асфалт по што ќе се изврши обележување со хоризонтална и вертикална патна сигнализација.
Како дел од обновената делница на улицата граѓаните ќе добијат на користење и 9 000 метри квадратни поплочен тротоар со велосипедска патека, а ќе се постави и целосно новото јавно улично осветлување од десната страна во правец на Глишиќ.
Новото булеварско решение на нај фрекфентната улица во Кавадарци која е дел од регионалниот патен правец Неготино-Кавадарци-Прилеп,ќе значи поголема пропустна моќ, зголемена безбедност и современ урбанизиран сообраќаен влез во градот.