ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО КАВАДАРЦИ ДОБИВА ПОТПОЛНО НОВ ЛИК

ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО КАВАДАРЦИ ДОБИВА ПОТПОЛНО НОВ ЛИК

Општина Кавадарци, Агенцијата за млади и спорт и Фудбалската федерација на Македонија со заедничка инвестиција го реконструираат градскиот стадион.

Деновиве привршуваат градежните работи на реконструкција и доградба на источната трибина, по што работите ќе се насочат кон реализација на новото проектно решение за изградба на јужната трибина која ќе биде целосно покриена со кровна конструкција.

После реконструкцијата на трибините, на стадионот ќе бидат поставени 2000 нови столчиња кои веќе се набавени.

Претходно беше отстранета старата трева од фудбалскиот терен, кој потоа доби нова подлога со систем за наводнување и дренажа. Врз него се поставиа нови бусени трева, кои добро ја прифатиа новата подлога и сега се во одлична состојба.

Во последната фаза од реконструкцијата на градскиот стадион, Општина Кавадарци целосно ќе ги обнови и модернизира соблекувалните и останатите простории во рамки на стадионот.