Објектот на детската градинка „Ѕвончица“ во с.Возарци деновиве доби целосно реконструиран покрив. Општината ги обезбеди средствата преку Јавниот повик од Владата.
Со овие пари се изврши демонтажа на старите лесонитни табли, а на нивно место е поставен пластифициран лим на површина од 270 квадратни метри. Изведувач на работите беше фирмата „МЗТ-инжинеринг“ од Битола.
Градинката во Возарци има капацитет за прифаќање на 25 до 30 деца. На површина од осумдесеттина квадратни метри располага со занимална, просторија за персоналот, чајна кујна и санитарен јазол. Преостанатиот простор од објектот ја има функцијата на амбуланта.
Овој проект општината го реализира на барање на жителите од Возарци. Станува збор за преадаптација на поранешниот објект на амбулантата, кој сега со реконструкцијата е двонаменски.
Со преадаптрацијата општината обезбеди подобри услови за жителите во згрижувањето на децата од предучилишната возраст, како и во примарното здравство.
Објектот кој беше предаден во употреба минатат година уште повеќе го подигна и онака добриот стандар на живеење во оваа урбана средина.