СПОЕНА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД МИНОРНОТО КОРИТО НА ЛУДА МАРА ОД КЕЈОТ ШЕТАЛИШТЕ

СПОЕНА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД МИНОРНОТО КОРИТО НА ЛУДА МАРА ОД КЕЈОТ ШЕТАЛИШТЕ

Деновиве заврши изградбата на минор коритото на реката Луда Мара, на последната делницата од кејот во должина од 680 метри. Ангажираната оператива на фирмата „Цвет компани“ од Скопје вгради обработен камен на дното и на страните од основното корито на реката. Со изградбата на ова делница се спои кејот-шетелиште Ваташа со делот во Кавадарци кај мостот „Слога“.

Од оваа последна фаза од изградбата на кејот-шеталиште треба да се доизгардат патеките на двата брега. Во завршната фаза ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема.

Финансиската конструкција за овој проект изнесува 21.500.000 денари. Парите се обезбедени преку Бирото за развој на Вардарскиот плански регион и буџетот на Општина Кавадарци.

Урбанизираниот кеј ќе се протегот од улицата „Страшо Пинџур“ кај мостот на излезот од Ваташа на југ, до мостот „Белка“ кај Булеварот „Видое Смилевски“ на север.

Со реализацијата на петтата фаза од изградбата на кејот-шеталиште, општината Кавадарци  ќе регулира три километри од коритото на реката Луда Мара.