Во функција е портата на регионалниот пат Кавадарци-Неготино

Во функција е портата на регионалниот пат Кавадарци-Неготино

Вработените во Информатичкиот оддел на Општина Кавадрци денес ги ставија во функција видео панелите на првиот од вкупно трите портали на влезовите во градот. Во функција е портата на регионалниот пат Кавадарци-Неготино.
Според проектот на Општина Кавадарци на видео екраните ќе се испишуваат сервисни информации од корист на возачите, а истите ќе бидат управувани и уредувани делечински од контролната соба на повикувачкиот центар во општинската зграда.
Се работи за метална конструкција со широчина од 11 метри во основата и 10 метри во горниот дел кој е висок 5 метри. На горниот дел од двете страни се поставени видео панели долги осум а високи еден метар.
Втората „порта“ е монтирана на локација под поранешен „Југокомерц“ на влезот од правецот на Прилеп. Третата порта е на локацијата кај „Велком трејд“ на регионалниот пат Кавадарци-Росоман.