Општина Кавадарци реализира сообраќајно безбедносен проект во селото Марена. Оперативата на фирмата „Метал Апостолов“ од Кавадарци деновиве работи на изградба на стопите кои ќе ја носат конструкцијата на металниот пешачки мост преку Овчка (О‘овска) река.
Новиот пешачки, се гради веднаш до постојниот сообраќаен мост од левата страна на регионалниот пат Кавадарци-Неготино.
Мостот е со должина од 27,6 метри, широк 2 и висок 2 метри. На челичната конструкција ќе биде поставена метална ограда, како и метален бродски под.
Со изградбата на овој значаен инфраструктурен објект општината решава голем сообраќаен проблен на жителите на Марена. Тие конечно ќе можат многу побезбедно да се движат покрај најфрекфентниот патен правец во општината.
Изградбата на мостот е на барање на жителите од Марена.