С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Детален урбанистички план за УЕ 6 за дел од Блок 6.2 ,,Блажо Алексов” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.
Граници на планскиот опфат се :
– на север границата се движи по осовината на сервисна улица 24 – булевар „Кочо Рацин”,
– на исток границата се движи по осовината на сервисна улица 19 кеј „Блажо Алексов“,
– на југ границата се движи по осовината на сервисна улица 5 „Мирче Ацев“ и
– на запад границата се движи по осовината на станбена улица – „Партизанска“.
Површината на планскиот опфат изнесува 1,64 ха.
Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 6 за дел од Блок 6.2 ,,Блажо Алексов” КО Кавадарци градво просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 29.12.2020 до 15.01.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 12.01.2021 година (Вторник) во 11.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.
Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за Детален урбанистички план за УЕ 6 за дел од Блок 6.2 ,,Блажо Алексов” КО Кавадарци град ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.