ОСБСП Кавадарци продолжува со своите програмски активности и во новата година. Денеска претседателот на Советот Љупчо Лазов ги посети дечињата од големата група во градинката „Рада Поцева“ и им подари новогодишен подарок – дидактички материјали од областа на сообраќајот.
Подароците ги прими директорката на градинката Цана Добринова, во присуство на претседателот на кавадаречкиот совет, Ристо Сакалиев , советничката за предучилишно образование Надица Дамова и кординаторките на проектот во градинките „Собраќајно воспитување и образование на децата“, Даниела Китева и Христина Камчева.
„ Грижата за најмалите е обврска на сите нас и затоа во оваа прилика сакаме да ги израдуваме најмилите со подарок кој ќе им помогне поубаво и повесело да ги реализират планираните содржини од сообраќајното воспитување“ истакна Лазов, а воедно се заблагодари до претседателот на советот за постојаната поддршка од локалната самоуправа во реализацијата на активностите на ОСБСП и до директорката на градинката, за успешната соработка.
„Нашиот успех е заеднички, и се должи на соработката со вас, со цел дечињата од градинаката да ги направиме посреќни, весели и задоволни од престојот во градинката“ додаде Лазов.