Деновиве продолжува изградбата на последната делницата од кејот на реката Луда Мара во должина од 680 метри. Ангажираната оператива на фирмата „Цвет компани“ од Скопје работи на шалување и бетонирање на заштитниот ѕид на делнат страна на пешачката патека. Паралелно се работи и на левиот брег каде се порамнува земјата и се подготвува за поставување на бехатон коцки.
После целосната изградба на патеките на двата брега, во завршната фаза ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема.
Финансиската конструкција за овој проект изнесува 21.500.000 денари. Парите се обезбедени преку Бирото за развој на Вардарскиот плански регион и буџетот на Општина Кавадарци.
Урбанизираниот кеј ќе се протегот од улицата „Страшо Пинџур“ кај мостот на излезот од Ваташа на југ, до мостот „Белка“ кај Булеварот „Видое Смилевски“ на север.
Со реализацијата на петтата фаза од изградбата на кејот-шеталиште, општината Кавадарци ќе регулира и урбанизира три километри од коритото на реката Луда Мара.