Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.143/19 и 14/20) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18), а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година, Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С БРОЈ 01/2021
За унапредување на 7 административни службеници во општинската администрација на Општина Кавадарци
Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административни службеници 7 (седум) извршители и тоа :
- УПР 01 01 Б02 000 Раководител на Сектор за управување со човечки ресурси, Сектор за управување со човечки ресурси……………1 (еден) извршител;
- УПР 01 01 Б03 000 Помошник раководител на Сектор за јавни набавки, Сектор за јавни набавки …………..1 (еден) извршител;
- УПР 01 01 В01 000 Советник за администрирање на постапки за јавни набавки, Одделение за администрирање на постапки за јавни набавки, Сектор за јавни набавки …………..1 (еден) извршител;
- УПР 01 01 В01 000 Советник за организација на Совет на општината, Одделение за организација на советот на општината, Сектор за правно-нормативни и општи работи …………..1 (еден) извршител;
- УПР 01 01 В01 000 Советник за изготвување на предлог буџет, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања …………..1 (еден) извршител;
- УПР 01 01 В01 000 Советник за спроведување на урбанистички планови, Одделение за урбанизам, Сектор за комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина …………..1 (еден) извршител;
- УПР 01 01 В01 000 Советник за правни работи и застапувања, Одделение за комунални дејности, Сектор за комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина …………..1 (еден) извршител.