МЕРКИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕЗЕМАТ ГРАЃАНИТЕ И ВОЗАЧИТЕ  ПРИ ПОЈАВА НА СНЕЖНИ ВРНЕЖИ

МЕРКИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕЗЕМАТ ГРАЃАНИТЕ И ВОЗАЧИТЕ ПРИ ПОЈАВА НА СНЕЖНИ ВРНЕЖИ

Почитувани граѓани,

Во пресрет на најавата од Управата за Хидро Метеоролошки работи за екстремно ниски температури и студено време проследено со обилни врнежи од снег, силен ветер и голомразица Општина Кавадарци информира дека е подготвена успешно да се справи со истите.

Согласно своите расположиви капацитети, Општина Кавадарци заедно со концесионерот за зимско одржување на улици и патишта постојано ќе биде присутна на теренот и навремено ќе интервенира во расчистување на улиците и локалните патни правци.

Општината, Апелира до граѓаните, во случај на временска непогода тие самоиницијативно согласно законските обврски да превземат чекори за расчистување на снегот пред своите домови и деловно стопанските објекти.

Се повикуваат возачите да го прилагодат управувањето со моторните возила на условите на коловозот. При движењето по градските улици да поведат сметка за прописно паркирање, како не би дошло до проблеми и пречки во расчистувањето на снегот од страна на службите.

Сопствениците на непрописно паркираните стари и хаварисани возила, предвремено и самоиницијативно да ги отстранат од коловозите и тротоарите.

Се препорачува, старите лица кои моментно живеат во планинските села да се симнат во урбаните средини.

Поивик до ловците во деновите на очекуваното невреме да се воздржат од своето хоби.

Општина Кавадaрци Апелира до граѓаните, без посериозна потреба да не се упатуват кон бошавијата, мариовскиот дел на Тиквешијата, ридско планинскиот села, како и во оддалечените викенд населби на Тиквешкото езеро.