Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета по Локална урбанистичка планска документација за Б5 – Хотелски комплекси

Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета по Локална урбанистичка планска документација за Б5 – Хотелски комплекси

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, ст.20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програмата за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година,глава IV,точка 48 со Одлука бр. 08-7017/3 од 25.12.2019 година, од Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Локална урбанистичка планска документација за Б5 – Хотелски комплекси (угостителско и туристички капацитети), на КП 436, КП 438/1, КП 438/2, КП 439, КП 440, КП 157, КП 158, КП 159, КП 160, КП 162, КП 163/1, КП 163/2, КП 163/3, КО Бегниште, општина Кавадарци.

Граници на опфатот се :

 на север, северозапад – КП 156, КП 155, КП 152, КП 164/2, КО Бегниште на исток, североисток  КП 2128, КО Бегниште, општински пат на  југ – КП 164/3,  КП 166,  КП 167, КП  161, КП 437, КП  434, КП 435, КОБегниште на запад, југозапад – КП 164/1, КО Бегниште –   површина на планскиот опфат изнесува 2,7439 ха

Јавна Презентација и јавна анкета по Локална урбанистичка планска документација за Б5 – Хотелски комплекси (угостителско и туристички капацитети), на КП 436, КП 438/1, КП 438/2, КП 439, КП 440, КП 157, КП 158, КП 159, КП 160, КП 162, КП 163/1, КП 163/2, КП 163/3, КО Бегниште, општина Кавадарци, ќе се спроведе со излагање на Локална урбанистичка планска документација во просториите на Општина Кавадарци.

 

                Јавната анкета трае 5 дена, од 05.04.2021 до 09.04.2021година, секој работен ден од 8:30 до 16 :30 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

          Јавна Презентација со стручно презентирање на планската документација ќе се одржи на ден 07.04.2021 година во 13:00 часот во просториите на Општина Кавадарци (Голема сала).

Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за             Локална урбанистичка планска документација за Б5 – Хотелски комплекси (угостителско и туристички капацитети), на КП 436, КП 438/1, КП 438/2, КП 439, КП 440, КП 157, КП 158, КП 159, КП 160, КП 162, КП 163/1, КП 163/2, КП 163/3, КО Бегниште, општина Кавадарциќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јаната презентација и јавна анкета задолжтелно треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.