Општина Кавадарци од денеска впишува уште една урбанизирана улица на територијата од градот.Ангажираната оператива на градежната фирма „Градба промет“ од Кавадарци ги поставуваше последните квадрат павер елементи на новопробиениот крак од улицата „Вуко Каров“ во населбата „Парк“.
Според проектот на општина Кавадарци се урбанизираше нова улица во должина од 140 метри.
Проектот е дел од програмата за комунална изградба, а парите се обезбедениу од општинскиот буџет.