Врз основа на член 50 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на Р.М бр.5/2002 од 29.01.2002 година ), член 113 од Статутот на Општина Кавадарци ( Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ) Член 1 од Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на велосипеди за 2021 година Бр.08-2458/6 од 27.04.2021, член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување велосипеди за 2021 бр.08-4989/8 од 25.09.2020
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето
на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2021 година
- Опис на јавниот повик
1.1. Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, обезбедува повраток на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 17.05.2021 година.
1.2 Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 28.04.2021 година заклучно со 17.05.2021 година
1.3. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „Јавно извлекување“.
1.4. Средствата што ќе ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари со вклучен персонален данок на доход по лице.
1.5. Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Кавадарци и електронски медиуми.
- Начин на пријавување на јавниот повик
2.1. Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат велосипед од денот на објавување на Јавниот повик до денот на завршување на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на купен велосипед.
2.2. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество се исполнети, бартелот до Општина Кавадарци ги доставува следните документи:
- Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во Граѓански услужен центар на Општина Кавадарци или да се обезбеди од интернет страницата kavadarci.gov.mk),
- доказ дека е полнолетен жител на општина Кавадарци што се докажува со фотокопија од важечка лична карта,
- доказ дека е извршено купување на велосипед во Република Северна Македонија од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик, и тоа со оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка .
- копија од трансакциска сметка на барателот.
- Изјава дека го нема искористено правото на субвенционирање за купување на велосипед за претходните 4 години од последниот објавен Јавен Повик за субвенционирање за купување на велосипед од Буџетот на општина Кавадарци и буџетите на другите државни институции за претходната година.
2.3. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед.
2.4 Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен бел плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2021 година“ во архивата на општина Кавадарци, на адреса ул. “Плоштад Маршал Тито” бб, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.
2.5 На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање за купување велосипеди на подрачјето на Општина Кавадарци”.
Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено
- Начин на спроведување на јавниот повик
3.1. За спроведување на транспарентна постапка при добивање субвенција за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2021 година, доделувањето на средствата ќе се одвива според Правилникот бр.08-4989/8 од 25.09.2020 за условите, начинот и постапката за користење на финсиски средства од буџетот на општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Кавадарци за купување на велосипеди и тоа на следниот начин:
– Општина Кавадарци со цел стимулирање на користењето на субвенции за велосипеди, ќе распишува Јавен Повик
– За времетраење на огласот, најмалку два пати ќе има известување за јавноста за времетраењето на повикот.
– По завршување на Јавниот Повик, најкасно по 3 дена, ќе се одржи јавно извлекување на подносителите. За времето и местото на извлекувањето Општина Кавадарци ќе даде соопштение на својата веб страна. Секој барател кој има доставено барање за субвенционирање на дел од трошоците има право доколку сака да присуствува на јавното извлекување.
– За спроведување на активностите за реализација на Јавниот Повик, Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе формира комисија од четири члена и нивни заменици. Комисијата по пристигнувањето на сите барања за субвенционирање доставени за времетраењето на јавниот оглас, со записник ќе го утврдат точниот број на пристигнати барања.
– Извлекувањето од точка 1.3 на овој дел од Јавниот повик ќе се одвива на следниот начин:
– извлекувањето ќе биде снимено и за истото Општина Кавадарци ќе има видеозапис и секој заинтересиран барател има право да побара увид во видеозаписот од извлекувањето за што треба да достави писмено барање до Општина Кавадарци.
– ковертите во присуство на сите членови на комисиите ќе се стават во посебен сад.
– лицето кое го врши извлекувањето, секој извлечен коверт го предава на еден член на комисијата.
– претседателот/членот на комисијата го соопштува името на барателот, по што комисијата пристапуваат кон проверка на документите доставени од страна на барателот и соопштува дали барањето е во согласност односно не е во согласност со условите и барањата од правилникот.
– за времетрање на извлекувањето ќе се составува листа која ќе содржи податоци за извлечениот барател, за износот на надоместокот и за персоналниот данок на добивка.
– во оној момент кога ќе се извлечат барателите чиј збир на износот на надоместоци и на износот на персоналниот данок ги ангажира средствата наменети за оваа намена, ќе заврши извлекувањето на барателите кои имаат комплетна и уредна документација.
– доколку има две или повеќе извлечени баратели со иста адреса на живеење и од исто семејство, се уважува барањето на прво извлеченото.
- Начин на остварување на правото на надоместок
4.1. Градоначалникот на Општина Кавадарци на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето и исплата на средства во износ од 50 %, но не повеќе од 3.000 денари, бруто износ, по лице, за барателите кои ги исполниле критериумите согласно Правилникот бр.08-4989/8 од 25.09.2020 за условите, начинот и постапката за користење на финсиски средства од буџетот на општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Кавадарци и јавниот повик.
4.2. Градоначалникот на Општина Кавадарци на предлог на Комисијата ќе донесе Решение за одбивање на барањето доколку барателот нема уредна и комплетна документација односно не ги исполнува критериумите дефинирани согласно јавниот повик.
4.3. Комисијата за спроведување на јавниот повик го објавува предлогот за субвенционирање/надомест на вебстраната на општина Кавадарци и ги известува барателите