Непознати сторители го украле преостанатиот дел од рељефот во Моклиште

Непознати сторители го украле преостанатиот дел од рељефот во Моклиште

Викендов непознати сторители по кои трага полицијата  го украле простанатиот дел од рељефот на споменикот на „12 Ваташки младинци“ во Моклиште. Три пати досега се напаѓа и се крадат делови, овој пат во четвртиот напад целосно е украден металниот дел од Спомен обележјето на стреланите ваташки младинци во јуни 1943 година во Моклиште. Вандалскиот чин овој пат е целосен. Во саботатата на 8 август кога директорот на Музеј галеријата, Петре Камчевски престојувал лично на спомен обележјето во Моклиште забележал дека го нема на своето место овој 50 сетина килограми тежок дел од споменикот, го побарал да не е фрлен во околината и, откако не нашол ништо, пријавил во државните институции за споменично и културно наследство и до надлежните органи во Општинат, со цел да се најде извршителот на ова срамно дело и соодветно да се санкционира.

Градоначалникот Александар Панов го осудува овој срамен чин на сквернавење на историјското наследство и апелира до надлежните да го расветлат случајот и арамиите да ги изведат пред лицето на правдата. Панов истакнува: „Нема зборови со кои може да се опише било каков нецивилизиран и кукавички гест, особено на споменик во чест на 12 млади патриоти кој го дадоа животот за слободата на македонија“

Покрај тоа што надлежните општински служби и стручните лица од музејот Кавадарци беа на увид на самото место, веднаш по кражбата на рељефот на споменикот на 12 ваташки младинци, информирана е полицијата како и надлежните републичлки институции, бидејќи се работи за споменоик од прв ред.

Општината, Музеј-галеријата Кавадарци и републичките институции за Заштита на културното наследство ја разгледуваат можноста за начинот како да се интервенира на споменикот. Дали да се направи реплика на оргиналниот рељеф од бакар на авторите Јордан и Искра Грабул, или да се предложи ново идејно решение.

Рељефот го симболизира убиството на 12 сте ваташки младинци и е изработен од бакар. Најверојатно бакарот е причината поради која се решиле арамиите да го украдат.

Ова е трет пат да се посегне по уништување на споменикот. Во два наврати беа крешени и украдени делови од рељефот, а сега е однесен преостанатиот дел. Претходно беа украдени бронзените букви со имињата на жртвите, како и натписот на јуѓната страна од споменикот кој го симболизира тиквешкиот непокор.