Во Градскиот парк “Љупчо Шкартов” се изгради нова пешачка патекa со павер елементи во должина од 520 метри и на истата се поставени канделабри, за граѓаните да можат непречено да се движат по патеката во вечерните часови. Исто така во паркот се изврши санирање на оштетените камени ѕидови со обѕидување на истите, а на дел од пешачките патеки се изврши и реконструкција со гранитни коцки. Се поставија нови парковски рабници на бетонска подлога и се постави нова чешма за пиење вода како и бетонска платформа околу чешмата. Изведувач на овие градежни работи за реконструкција на Градски парк “Љупчо Шкартов” западен дел, е ТЕС-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје.