Врз основа на член 8 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Награда “7ми Септември” (“Сл. Гласник на Општина Кавадарци” бр.26/2003 год.), Општина Кавадарци- Локална Самоуправа објавува,
КО Н К У Р С
За доделување на Награда “7 Септември” на град Кавадарци за 2021 година
По повод „7ми Септември” Денот на ослободувањето на град Кавадарци, Општина Кавадарци- Локална Самоуправа објавува Конкурс за доделување на наградата „7 Септември”.
1.Наградата „7 Септември“ на градот Кавадарци се доделува на физички и на правни лица како знак на признание на Градот Кавадарци, за остварувања, во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во земјава и во светот.
2.На ученици и на студенти Наградата се доделува за творечки труд или континуирани, успешни постигнувања во наставните и вон наставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Кавадарци.
3.Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година (сметано до звршувањето на конкурсот), како и за подолг изминат период кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина.
4.Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета.
5.Право на предлагање кандидати за Наградата имаат правни и физички лица.
6.Предлогот за Наградата треба да биде детално образложен, а за кандидатите поединци да содржи и биографија.
7.Кон предлогот за доделување на Наградата за печатени дела и други изданија се приложуваат и два (2) примерока од делото.
Предлагачот е потребно да ги наведе својот полн назив, адресата и телефонскиот број.
Предлозите и иницијативите да се достават најдоцна до 15ти Август 2021 година.
Формулар за конкурирање за Наградата „7 Септември“ на град Кавадарци може да се подигне во Граѓанско информативниот центар во Општина Кавадарци.
Предлозите се поднесуваат во 2 примероци преку пошта или директно во соба број 20-Архива на Локалната Самоуправа Кавадарци.
Информации на телефон : 043/416-130
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
ГРАДОНАЧАЛНИК
м-р Митко Јанчев