Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа , член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики ( Сл.весник на РСМ бр.10/20, член 128-г од Статутот на Општина Кавадарци(Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.8/05…..75/21), Советот на Општина Кавадарци распишува,
ЈАВЕН ПОВИК
За членови на иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци
1.ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1. Општина Кавадарци со Статутот предвидува формирање на Локален младински совет.
Локалниот младински совет има советодавна и застапувачка улога во општината од делокруг на младински прашања и политики.
Претставниците на локалниот младински совет имаат право да:
-Предлагаат точки на дневен ред на Советот на општината кои ги засегаат младите;
-Иницираат прашања за млади од делокруг на работа на општината;
-Иницираат, учествуваат и даваат повратни информации за процесот на локалната младинска стратехија и други политики;
-Доставуваат информации до општина Кавадарци за прашања кои се однесуваат на младите
-Вршат други советодавни и застапувачки работи во согласност со закон.
1.2. За конституирање на локалното собрание за млади се свикува иницијативен одбор, составен од членови кои ги исполнуваат условите да членуваат во собранието на млади.
Иницијативниот одбор со решение го формира Совет на општина Кавадарци.
Иницијативниот одбор е составен од пет члена и тоа младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студенски организации и други облици на младинско учество.
Иницијативниот одбор го распишува Јавниот повик за конститутивното Локално собрание на млади.
Со конститутивното собрание претседава најстариот член на иницијативниот одбор кој доаѓа од редот на младинските организаци.
Мандатот на членовите на иницијативниот одбор трае само до одржување на конститутивното собрание на млади и по успешно одржување на првата конститутивна седница на Собранието на млади, истиот се распушта.
- ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
На јавниот повик право на учество имаат претставници на младинските организации , организации на млади, ученички и студенски организации и други облици на младинско здружување кои се активни на територијата на општина Кавадарци.
Критериуми кои треба да ги исполнуваат младите лица кои имаат желба и интерес да се вклучат во иницијативниот одбор :
-да се жители на општина Кавадарци
-да бидат на возраст од 15-29 години ;
-да се креативни и поседуваат искуство во областа , работа со млади и младински организации.
3.НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи:
-мотивационо писмо
-кратка биографија CV(во која задолжително ќе бидат наведени активностите за млади од минатите)
– Портфолио за организацијата / групата/ здружението.
– Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт информации.
Пријавите за членство во Иницијативниот одбор за конституирање на Собранието на млади на Општина Кавадарци се поднесуваат до Архива на Општина Кавадарци , секој работен ден од 28.07.2021година до 04.08.2021 година или по пошта со назнака ,, За јавен повик за свикување на Иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци.
Јавниот повик ќе биде објавен на веб-страната на Општина Кавадарци и Огласната табла на Општина Кавадарци.