Јавна Презентација и Јавна Анкета  По Урбанистички план  за село Рожден, КО Рожден

Јавна Презентација и Јавна Анкета По Урбанистички план  за село Рожден, КО Рожден

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изработка на урбанистички планови за 2016 година, Глава III, Точка 8, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Урбанистички план  за село Рожден, КО Рожден, Општина Кавадарци.

 

Граници на планскиот опфат се :

 

Од  Север: од  најсеверната  точка  34  се  движи  кон  исток  долж  границите  на КП 833/2, 835/1, 838/2, 838/1, 854, 953, 949, 948/1 892, 893, 894 се до најисточната точка 10;

Од Исток: се движи кон југ од најисточната точка 10 долж границата на КП 894, 946, 945/1, 901, 902, 933/2,909, ја сече 1402 1404/1, па продолжува долж границите на 1406/1, 1408, па ја сече 

КП  2558/1 потоа продолжува долж границите на 1394/1, 1394/2, 1393, 1391, 1379, 1380, 1355, 1354,  1353,  1333,  1461,  1459,  1458,  1457,  1455/2,  1455/1,  па  ја  сече  1640/1,  1442/1  и  1443   па продолжува по нејзината граница  и долж на границите 1450/1, 1450/2 се до најјужната точка 109.

Од Југ: Се движи кон запад од најјужната точка 109 долж границите на  КП 1450/2, 1477, 1476 па ја сече и продолжува КП 2555 и продолжува по границите на КП 1289, 1291, 1294, 1296, 1299, 1272 ја сече 1271 и продолжува долж нејзината граница па ја сече КП 2556 па продолжува долж границите на КП 1074, 1075, 1077, па ја сече КП 2550,  818 и 817 до најзападната точка 63

Од Запад: Се движи од најзападната точка 63 кон север долж границите на  КП 816, 815, 811,823/2, 810, 823/1, 827 и КП833/1 се до најсеверната точка 34  

  Површината на планскиот опфат изнесува 31,25 ha.