Градоначалникот Митко Јанчев имаше средба со в.д директорот на Центарот за развој на Вардарско плански регион, г-ѓа Татјана Темелковска.
Беа потпишани два договори за соработка, од кои едниот опфаќа ,,Зајакнување на капацитетот на територијалната противпожарна единица во Кавадарци преку набавка на високо професионални специјализирани возила согласно европските стандарди’’. Дел од овој договор се и општините Велес, Неготино, Свети Николе и вкупната вредност на истиот изнесува 24.600.000 денари.
Вториот договор опфаќа набавка, односно ,,Проект за инсталирање на мерни станици за смарт земјоделство во општините”. Истиот значи поставување на 18 мерни станици за електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површини на територија на општина Кавадарци.
Мерните единици ќе даваат точни информации за: влажност на воздухот, сончеви денови во годината, и количество на температурни осцилации.
Вкупната вредност е 9.000.000 денари.