ЈАВЕН ПОВИК бр  1/2022 за прибирање на апликации за финансиска подршка  наменети за  спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи

ЈАВЕН ПОВИК бр  1/2022 за прибирање на апликации за финансиска подршка наменети за  спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи

Врз основа на член 4 од Правилникот за утврдување на критериумите,  начинот и  постапката за распределба на финансиски средства на спортски клубови и здруженија како и подршка на  манифестации, турнири и проекти од областа на спортот од интерес на општина Кавадарци бр.08-7333/50 од 24.12.2021 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр.5/21) ,

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Објавува

ЈАВЕН ПОВИК бр  1/2022

За прибирање на апликации за финансиска подршка од Буџетот на Општина Кавадарци за 2022, наменети за  спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи како и подршка на манифестации, турнири и проекти од областа на спортот од интерес на општина Кавадарци

 


  1. Се повикуваат спортски клубови и здруженија од областа на спорт регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска подршка од Буџетот на Општина Кавадарци за 2022 година, да ги достават до Општина Кавадарци – Локална самоуправа во предвидениот рок.          

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2022 година, наменети за спортски клубови и здруженија од областа на спорт регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, ќе се врши согласно Правилникот за утврдување на критериумите,  начинот и  постапката за распределба на финансиски средства на спортски клубови и здруженија како и подршка на  манифестации, турнири и проекти од областа на спортот од интерес на општина Кавадарци бр.08-7333/50 од 24.12.2021 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр.5/21) ,

2. Основни организациски критериуми :

            – го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;

–   ја реализираат утврдената програма за развој на спортот.

– ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата;

– го организираат и спроведуваат системот на натпревари;

– се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

– се грижат за унапредување на младите категори.

Задолжителна документација за аплицирање :

Потполнета пријава/формулар за аплицирање

-тековна состојба од клубот/здружението 

-решение за вршење дејност спорт согласно Законот за спорт;

                -доказ за обезбедени соодветни објекти, опрема и стручен кадар;

                -потврда од соодветната спортска федерација во која категорија апликантот учествува (супер лига, прва лига, втора лига, трета лига, општинска лига, младинска лига, кадетска лига, пионери) и времетраењето  на учеството клубот во соодветната федерација.

                -потврда од клубот дали наплаќа/не наплаќа чланарина.

– детално разработена програма на активности во тековната година ;

– документација со која се потврдува искуството за апликантот во   реализирање на програма и активности од областа на спортот,

               – постигнати резултати, успеси;

                – детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на програмата (број на ангажирани лица, опис на трошоците по позиции)

                – извштај за потрошените средства добиени од Општина Кавадарци за претходната година .

– прилози, фотографии, награди.

 

3.НАПОМЕНА : Пријавите кои не ја исполнуваат комплетноста на задолжителната документација нема да се разгледуваат.

4. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите започнува од 05.01.2022 година а крајниот рок за поднесување е 20.01.2022година.Пријавите со целокупната документација се доставуваат се доставуваат лично или по пошта (пријавите доставени по е-маил или факс нема да бидат разгледувани), на адреса:Плоштад Маршал Тито бб Кавадарци, или во архивата на Општина Кавадарци до 16.30 ч.

 (со назнака – Пријава за јавен повик – Комисија за спорт )