ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Врз основа на член 3, 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39, 46, 47, 48, 49 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.101/19, 275/19 и 122/21), Одлука за продажба на движни ствари–моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-347/10 од 27.01.2022 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.06/22), Извештај од извршена процена за утврдување на пазарна вредност на транспортни средства, изработен од ДТЛППУТ „Оптима Логистик АГ“ ДООЕЛ увоз–извоз Кавадарци, со деловоден бр.03-01/1 од 21.01.2022 година и наш деловоден бр.10-454/1 од 24.01.2022 година, Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.186 КО Фариш во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-7333/31 од 24.12.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.05/21), Извештај за процена на недвижен имот  изработен од ДППУ „АБЦ – Бротхер“ ДООЕЛ – Скопје, со деловоден бр.302 од 30.07.2021 година и наш деловоден бр.19-1956/14 од 04.08.2021 година Комисијата за недвижни и движни ствар сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

ОБЈАВА број  02/2022

за продажба на движни ствари и за давање во закуп на недвижна ствар по пат на

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ 

            Предмет на електронското јавно наддавање е продажба на движни ствари сопственост на Општина Кавадарци, согласно Одлука за продажба на движни ствари–моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-347/10 од 27.01.2022 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.06/22) и давање во закуп на недвижна ствар сопственост на Општина Кавадарци, која се дава во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.186 КО Фариш во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-7333/31 од 24.12.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.05/21).