УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ФОТОВОЛТАИЧНА ЕЛЕКТРАНA ЉУБАШ

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ФОТОВОЛТАИЧНА ЕЛЕКТРАНA ЉУБАШ

Врз основа на член 62,  став (10) од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Кавадарци за 2021 година со Одлука број 08-3077/7 од 27.05.2021 годинаобјавена во Службен Гласник на Општина Кавадарци бр.74 донесена од страна на Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното 

СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид на 

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ФОТОВОЛТАИЧНА ЕЛЕКТРАНA ЉУБАШ 1, ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТО-НАПОНСКИ ПАНЕЛИ НА ЗЕМЈА НА КП 4122, ДЕЛ ОД КП 4121, ДЕЛ ОД КП 4120, ДЕЛ ОД КП 4119, КO КАВАДАРЦИ ВГР, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ 

Член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид поУРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ФОТОВОЛТАИЧНА ЕЛЕКТРАНA ЉУБАШ 1, ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТО-НАПОНСКИ ПАНЕЛИ НА ЗЕМЈА НА КП 4122, ДЕЛ ОД КП 4121, ДЕЛ ОД КП 4120, ДЕЛ ОД КП 4119, КO КАВАДАРЦИ ВГР, ОПШТИНА КАВАДАРЦИтех.бр. 0801-116/21од Ноември 2021, изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци. 

Член 2

Проектниот опфат на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ФОТОВОЛТАИЧНА ЕЛЕКТРАНA ЉУБАШ 1, ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТО-НАПОНСКИ ПАНЕЛИ НА ЗЕМЈА НА КП 4122, ДЕЛ ОД КП 4121, ДЕЛ ОД КП 4120, ДЕЛ ОД КП 4119, КO КАВАДАРЦИ ВГР, ОПШТИНА КАВАДАРЦИе опфатена во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени условите за планирање на просторот од страна на Агенцијата за планирање на просторот – Скопје, Република Македонија, со технички број Y20321 од Август 2021.
Границите на планскиот опфат се:

–          На север граничи со дел од КП 3959 и КП 4125 КО Кавадарци вон град

–          На исток граничи со КП 4124 КО Кавадарци вон град

–          На југ граничи со дел од КП 4123, дел од 9612 КП Кавадарци вон град

–          На запад граничи со дел од КП 4119, дел од КП 4120, дел од КП 4121 КО Кавадарци вон град 

Површината на проектниот опфат на урбанистичкиот проект изнесува 16962м2.

Со овој урбанистички проект се планира градба на површински соларни и фотоволтаични електрани.

Во границите на планскиот опфат планирано е  оформување на една нова градежна парцела, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, одредување на катноста на градбата, површините за градба, компатибилните намени и сообраќајните пристапи, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање за ваков тип на објекти.

Парцелите се со следните класи на намена:

Е – инфраструктури

Е1.13 Површински соларни и фотоволтаични електрани

Е1.8 – Инфраструктура за пренос на електрична енергија. 

Со можност за вградување на компатибилни класи на намена на основните согласно Правилникот за урбанистичко планирање (,,Службен Весник на РСМ” бр.225/20 и 219/21).

Во рамки на градежните парцели се планираниПовршински соларни и фотоволтаични електрани и Инфраструктура за пренос на електрична енергија (Трафостаница).

Пристапот до градежната парцела ќе се обезбеди  од постоен пристапен пат од јужната страна т.е. дел од КП 9612 КО Кавадарци вон град. 

ЈАВЕН УВИД 

На УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ФОТОВОЛТАИЧНА ЕЛЕКТРАНA ЉУБАШ 1, ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТО-НАПОНСКИ ПАНЕЛИ НА ЗЕМЈА НА КП 4122, ДЕЛ ОД КП 4121, ДЕЛ ОД КП 4120, ДЕЛ ОД КП 4119, КO КАВАДАРЦИ ВГР, ОПШТИНА КАВАДАРЦИизработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛсо тех.бр. 0801-116/21од Ноември 2021 ќе трае 15 (петнаесет) дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Кавадарци https://kavadarci.gov.mk/ и на официјалната страна е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mkво  период од 21.02.2022 до 07.03.2022 година за кое време може да се достават евентуални забелешки, секој работен ден од 8.00 до 16.00 во просториите на Одделението за Урбанизам при Општина Кавадарци.