СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид по
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани (фотоволтаични плантажи), на КП 1795, КП 1796 КО Ресава, Општина Кавадарци
Член 1
Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани (фотоволтаични плантажи), на КП 1795, КП 1796 КО Ресава, Општина Кавадарци, тех.бр. 03-07/2021 од Февруари 2022, изработен од Друштво за трговија на мало и проектирање ,,АРХИКОНС” Јован ДООЕЛ Кавадарци.
Член 2
Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фотоволтаични плантажи), на КП 1795, КП 1796 КО Ресава, Општина Кавадарци е опфатена во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени условите за планирање на
просторот од страна на Агенцијата за планирање на просторот – Скопје, Република Македонија, со технички број Y17321 од Август 2021.
Границите на планскиот опфат се:
– На север граничи со КП 2397, КО Ресава, локален пат
– На исток граничи со КП 1785, КП 1786, КО Ресава
– На југ граничи со КП 1789/1, КП 1793, КО Ресава
– На запад со КП 1798, КО Ресава.
Површината на проектниот опфат на урбанистичкиот проект изнесува 5.735м² (0.5735ха).
Со овој урбанистички проект се планира градба на површински соларни и фотоволтаични електрани.
Во границите на планскиот опфат планирано е оформување на една нова градежна парцела, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, одредување на катноста на градбата, површините за градба, компатибилните намени и сообраќајните пристапи, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање за ваков тип на објекти.
Парцелите се со следните класи на намена:
Е – инфраструктури
Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани
E1.8 – Инфраструктура за пренос на електрична енергија
Е1 –Сообраќајни линиски и други инфраструктури.
Во рамки на градежната парцела се планирани поставување на Површински соларни и фотоволтаични електрани.
Пристапот до градежната парцела ќе се обезбеди со изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за пристапен пат до идните фотоволтаични електрани.
ЈАВЕН УВИД
На Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани (фотоволтаични плантажи), на КП 1795, КП 1796 КО Ресава, Општина Кавадарци, изработен од Друштво за трговија на мало и проектирање ,,АРХИКОНС” Јован ДООЕЛ Кавадарци дооел со тех.бр. 03-07/2021 од Февруари 2022 ќе трае 15 (петнаесет) дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Кавадарци https://kavadarci.gov.mk/ и https://www.e-urbanizam.mk во период од 25.02.2022 до 11.03.2022 година за кое време може да се достават евентуални забелешки, секој работен ден од 8.00 до 16.00 во просториите на Одделението за Урбанизам при Општина Кавадарци.